nedjelja, 23. prosinca 2018.

Опстипација и пластелин, кој би рекол


                                                                  Нема лоши деца


  Во една прилика имав чест да делам канцеларија со најголемиот детски неуропсихијатар на балканов.  Никако да  престанам да рераскажувам кое беше неговото мото.

-Нема лоши деца има само лоши родители

Често на неврзани паузи користев дел од неговото драгоцено време, користев да чујам какви сме како функционираме за каде сме а најчесто бевме за никаде.

Линк за здравје а не болести

Раскажуваќи за сето ова наидов на една приказна тешка милион, моја пријателка имале голем проблем.


Ќерка и во еден период од животот имала страшни стомачни проблеми (предолга опстипација), толку страшни што била и закажана хируршка интервенција. Барајќи решение наишла на медицинска сестра која и препорачала пред и се да го посети неуропсихијатаров да се консултира а потоа да замина на операција, мада ни самата незнаела каде е.

Како вели “Ако е жив ќе го најдам“.

И како најмилото е во прашање, го најде до мојата канцеларија.
На првичната средба веднаш била вратена, “Ќе дојдете со сопругот и со малата“ им рекол тој.



Веднаш дента беа сите на купче тука кај него во канцеларијата да слушнат каков проблем има детето.
После десетина минути разговор со детето им било кажано  
-Нема лоши деца има само лоши родители.
Запрепастена, увредена мојата пријателка сакала да го напушти состанокот убедена дека е на погрешно место со погрешен човек, и како што обично бива, сопругот (оној другиот) малце посмирен предложил да сослушаат до крај.
Почнале прашањата за родителите што и како тие прават.
Како готвите, кои им се навиките, што му дозволувате на детето а што не...што тоа гледа а што не.
Како вели таа ...и така дојдовме до наглупавото прашање

-Дали му давате на детето да си игра со пластели?-   Даааа
-А дали му дозволувате да ги меша боите?- Никако немаме ние пари за фрлање, па да купуваме нон -стоп нов пластелин.
-Веднаш уште вечерва дозволете и да прави што сака со пластелинот.



Само после час или два од играњето со пластелинот и овојпат мешањето на боите, како вели таа следеше детскиот закључокот
-Мамо ова сега изгледа како Какушка.
Вечерта во оние таканаречени ситни саати детето стана и се искака.



СЕ ДРУГО СТАНА МИНАТО

Закључоците на докторот, на родителите ќе ги оставам на вам , вие да ги претпоставите.
Соседот до мојата канцеларија веќе немора да ми докажува дека 
НЕМА ЛОШИ ДЕЦА
Сега знам дека не сме биле лоши деца ама сме често лоши родители.


1 komentar:

  1. Slazem se. Ja uvek tako i kazem svima jer ovu sam uzrecicu ili stavku cula od svoje bake, koja bila je jako mudra zena. Znala je posvadjat se s majkom zbog nas i onda bi joj samo rekla...NEMA LOSA DECA IMA SAMO LOSE RODITELJE. Odlicna storija.

    OdgovoriIzbriši