subota, 18. svibnja 2019.

Моментум на експлозија во бизнисот и во животот


Акумулирана енергија пред експлозија

Моментум во секојдневниот живот среќаваме насекаде околу нас. Моментум во природа  во индустрија, економија и во сите свери од живеењето.
Моментум на започнување на лавина од планините. Од нејзиниот старт па до нејзиното смирување, како се зголемува и колкава снага е во прашање. Истиот моментум и со невремињата од јачината на ветерот, сите урагани и торнада. Како пополека земаат замав и како го достигнуваат својот максимум. Се разбира додека има енергија, откако ќе ја снема енергијата, се намалува и гасне.
моментумМоментумот е ист и со живите битија, на раст на размножување на битисување и додека моментумот е јак се најснажни, најмногубројни.
 Веднаш по намалувањето на причините за тој наплив, на тој раст Се се намалува па и згаснува. Одредени организми денес се веќе изумрени, а некои се пред истребување.
Имале свој моментум во раст, развој но во зависност од околината и во своја стагнација изумирање и исчезнување.

Енергијата на потисок која дава снага

Доколку направиме споредба на појавата на моментумот во природата со нашиот бизнис ќе увидиме многу сличности и поврзаности.
Во нашиот бизнис имаме моменти кога“не ни оди“ но и моменти во кои дури и не сме свесни зошто се што ни оди оди така добро.
Да одиме со ред.
Во секој бизнис е потребен старт. Ако од самиот старт вложиме многу енергија (не расфрлена) сконцентрирана со план и цел, таа енергија вообичаено ќе створи моментум на брз раст.
Брз раст и развој.
И ако сето тоа го контролираме и соодветно потхрануваме со додатна енергија ќе трае долго “нема да згасне и исчезне“.
Важен елемент при моментумот е да го препознаеме како би го искористиле. Како би додале на гас, на брзина на квалитет. Да има енергија да се развива уште побрзо самиот, да расте обемот на работа.

Промоцијата и визуелизацијата како гориво на моментумот

Во Мулти левел интернет маркетингот успешната промоција е пола завршена работа.
Во развојот на својот бизнис овде во МЛИМ системот на подршка ви овозможува да научите како да додадете енергија на својот бизнис. Како да створите моментум во работењето. Како тој моментум да го пренесете на својот тим и да тоа го дуплицира бизнисот.
Системот на подршка во МЛИМ е таков да организира често настани каде сите ние црпиме енергија за нашиот бизнис за нашиот моментум. Системот не учи како да бидеме промотери и на кој начин да имаме огромен тим на тие настани. Самата промоција (добра) ни го оформува тимот со кој одиме на настанот.
Таквиот тим согледувајчи ја големата слика за можноста на бизнисот со здрав доручек на тој настан го стартува моментумот.
Промотивните говори на колегите на тој настан само ја зголемува енергијата на тој моментум.
Кога истиот ќе го доживее својот максимум своето “Ван 3 Σ“ тогаш без промашување тој експлодира. Го достигнува својот максимум. Својата експлозивна енергија која инфицира , која заразува се околу себе. Понесува и самата себе се надградува во растот.
Сама од себе се шири. Бизнисот одеднаш станува неконтролиран секаде околу нас и надвор од нашето место на живеење. Овде ништо не е случајно, ненамерно...како од ведро небо паднато..НЕ
Овде сме дале огромна енергија да добро испромовираме настан, да инфицираме многу луѓе со таа верба дека присуството таму е неизбежно и најпотребно на свет за нас. Тимот кој не следел и дошол со нас таму ја апсорбирал големата слика, големата енергија и по завршувањето мора да ја проследи натаму таа енергија. Да експлодира да создаде нов моментум и го унапреди својот бизнис.

Моментумот расте се додека го потхануваме

Оној момент кога ќе решиме да седнеме малце да одмориме, кога непотребно ќе си дадеме пауза од...никогаш незнаеме од што, тогаш енергијата почнува да се смалува и гасне.
Затоа на овој сајт и ви нудиме систем на подршка кој дава резултати. Систем на подршка кој на вашата работа од дома ќе даде моментум и ќе го одржи долго во живот.
Кaко и секаде така и овде има едно Но...
Но вие сте тие кои треба да посакате, исконтактирате и стартувате.
А за контактот, не грижете се  ако е желбата кај вас огромна, има да најдете начин како.
Споделете ја информацијата до вашите најблиски, можеби тие сакаат свој тим, свој моментум и своја огромна заработка.

petak, 17. svibnja 2019.

Шеќерна болест или Дијабетес- Diabetes mellitus


Дијабетес типови, симптоми, ризик фактори и решенија

Дијабетес е хронично заболување кое се појавува кога панкреасот не продуцира доволно инсулин. Веќе произведениот инсулин телото не може ефективно да го искористи.
Инсулинот е хормон кој го регулира нивото на шеќер во крвта.
Покачено ниви на шекер или Хипергликемијата  во крвта е компликација од неконтрoлираниот дијабет, која доколку не се третира во подолг временски период предизвикува сериозни оштетувања на телесните органи.
На нервниот систем и крвните садови исто така.

Тоа е хронично заболување  со зголемени вредности на шеќер во крвта.
Гликозата во крвта е контролирана од инсулинот, хормон кој се создава во панкреасот.
Инсулинот има задача да помага во придвижувањето на гликозата од крвта во клетките, каде се разложува и со тоа се добива енергија. Линк за 10 симптоми за Дијабет.
Луѓето кои страдаат од дијабетес имаат покачени вредности на гликоза затоа што нивниот организам не може да ја пренесе гликозата во клетките. Причини за тоа може да бидат:
-Не доволна произвотство на инсулин од страна на панкреасот,Диабетес
-Реакцијата на клетките кон инсулин е нарушена скроз,
-Третиот случај е комбинација од двата.

Видови, типови на дијабетес

Диабетес познаваме во  три главни форми;
-Тип 1 ( дијабетес зависен од инсулин). Ова е автоимуно заболување со можна генетска предиспозиција. Во која било возраст, но најчесто кај деца, тинејџери или млади луѓе. Овде панкреасот создава многу малку или воопшто не создава инсулин.
-Тип 2 (дијабетес зависен од инсулин). Најчеста форма на дијабетес. Претежно го имаат   возрасните, а се јавува и кај тинејџерите и младите лица поради прекумерно зголемување на телесната тежина. Овде панкреасот најчесто создава инсулин, но или таа количина не е доволна за потребите на организмот или клетките се резистентни на инсулинот.
-Гестациски дијабетес. Гестацискиот се јавува кај жени во кој било период од бременоста, кои дотогаш не страдале од дијабетес. Мора да се контролира бидејќи може да влијае врз растот и развојот на бебето. Околу 2-4% од трудниците се засегнати од гестациски дијабетес.

Знаци и симптоми

Знаците и симптомите се во зависност од нивото на шеќер во крвта, но луѓето со тип 2 и покрај покачената гликоза во крвта, на почетокот може да немаат никакви симптоми. Кај пациентите со дијабетес тип 1, симптомите најчесто се манифестираат побрзо и во потешка форма.
Знаците и симптомите се следните :
  • Често мокрење;
  • Зголемен апетит;
  • Благо покачен крвен притисок;
  • Чести инфекции (инфекции на непцето, кожата, вагината, мочниот меур);
  • Зголемено чувство на жед;
  • Заматување на видот;
  • Бавно зараснување на рани;
  • Присуство на кетони во урина (кетоните се попратни продукти како резултат на разложувањето на мускулите и масното ткиво поради недостаток на инсулин).
  • Необјаснето губење на телесна тежина;
  • Замор;

Ризик фактоори  :

Ризик факторите за дијабетес зависат од типот на болеста.
Ризик фактори за  тип 1:
  • Присуство на антитела;
  • Изложување на одредени вирусни заболувања;
  • Намалено внесување на витамин Д;
  • Давање на кравјо млеко во рана возраст.
Ризик фактори за  тип 2:
  • Прекумерна телесна тежина;
  • Намалена физичка активност;
  • Дијагностициран дијабетес тип 2 кај член од семејството – родител, брат или сестра;
  • Гестациски дијабетес во претходна бременост;
  • Синдром на полицистични јајници;
  • Висок крвен притисок;
  • Високо ниво на холестерол;
  • Високо ниво на триглицериди.
Ризик фактори за гестациски :
  • Жени постари од 25 години;
  • Дијагностициран дијабетес тип 2 кај член од семејството – родител, брат или сестра;
  • Гестациски дијабетес при претходна бременост;
  • Раѓање на бебе со голема телесна тежина (повеќе од 4kg);
  • Мртвородено од непознати причини;
  • Прекумерна телесна тежина;
  • Големо зголемување на тежината во текот на бременоста.

Нус ефекти

Колку подолго имате дијабетес и колку помалку го контролирате шеќерот во крвта, толку е поголем ризикот од појава на компликации. Со тек на време, компликациите од дијабетесот може да доведат до губење на одредена способност или да бидат фатални.Диабетес
Можни компликации се:
  • Оштетување на видот;
  • Чести инфекции на кожата;
  • Срцев удар, мозочен удар, нарушено движење на крвта во нозете;
  • Оштетување на нервите поради што се јавува трнење, губење на чувството за осет, болка;
  • Оштетување на бубрезите;
  • Зголемен ризик за појава на одредени типови на рак.
За среќа, дијабетесот лесно се дијагностицира, а со правилна едукација може да се превенира и контролира.

Препораки:

Како не би се јавил вишок шекер во крвта треба да се практикува здрава исхрана (повеќе овошје и зеленчук),   физичка активност (мин. 30 мин. дневно),  нормална телесна тежина и избегнување на употреба на тутун.
Доколку  во вашата фамилија имал некој дијабет, треба да одите на редовни контроли за мерење на шеќерот во крвта.
А оние што веќего имаат употреба на инсулин или апчиња и диета, со кои ќе го намалат нивото на шеќер во крвта, посета на едукации каде ќе научат правилна употреба на апаратчињата за мерење на глукоза во крвта. Многу луѓе кои имаат дијабет, во комбинација со терапијата против истиот, треба да користат и лекови за контрола на холестеролот и крвниот притисок.
Одредени суплименти благопријатно делуваат на дијабетот. Посебно програмот на здрав доручек на Хербалајф каде ги добивате сите нутриенти , го прочистувате организмот и немате скокови на шеќерот во крвта. Линк за шејкот и сотавот и линкот како до таа формула

četvrtak, 16. svibnja 2019.

Најскапата куќа на Beverly Hills и за нас


Кога животот ќе те одведе каде си сонувал


најскапата куќаНа гости во најскапата куќа на Беверли, ние студентите од Градежен. Како се случи да тројца другари сработат и бидат на врвот во Лос Анџелес.
Некој ќе биде благодарен за таа можност некој самобендисано ќе мисли дека е тоа нормално.
Рзликата е во времето кога ќе се присетите на тие моменти. Најскапата куќа е најскапа.
Оние благодарните со задоволство и радост ќе прераскажуваат а и ќе им се повторуваат тие моменти. Оние пак самобендисаните кои мислат дека цел сончев систем се врти околу нив никогаш повеќе.
Животот по кој знае кој пат не однесе во Лос Анџелес на прослава од годишнината на нашата компанија. Ние тројцата наоуружани со самодоверба од сработеното немавме појма што ќе ни приреди тој.

“Господо лимузината за вас е пред влезот на хотелот“

Најскапата куќа во Лос Анџелес пред овој настан за нас беше само натпис во таблоид.
Деновите пред прославата ги поминувавме како и по обичај, недела дена во градот што не спие, а потоа децата во нас го имаа својот ден, ден во Дизниленд. Многу би било да се набројува што може да се види во градот на ангелите, а и небитно дека видовме се.Најскапата куќа
Она што болдира во меморијата е што едно утро не разбудија од хотелот со информација дека пред истиот не чека лимузина. Оние американските со 360 врати и фудбалско игралиште внатре.
Лимузина што требало да не однесе на ручек ни помалце ни повече кај сопственикот на нашата фирма дома. На ручек во најскапата куќа. Дома во оние брдата над  Лос Анџелес.
Уште на влезот на најскапата куќа воодушевување. Кога знаеш што сакаш, знаеш и како работите околу себе да ги направиш поубави. Огромна куќа со базен, ходници колку 3 наши стана. Намештај на кој се мислиш дали да седнеш да не скршиш нешто не за друго.
“Повеле господо следете ме“ -Па зар не стигнавме
Кога е најскапата куќа е најскапа затоа што е различна од сите и посебна.
“Аааа не ова е само влезот, гостинската куќа“- Знаши така изгледало кога имаш гостинска куќа-се насмеа кумот мој.
Е тоа што следеше беше лице на убавина, складност, раскош вкус, историска вредност, всушност тоа и немало вредност.
Тоа беше најстарата и најскапата куќа на Беверли хилс. Куќа во која припаѓаше на сопственикот на фирмата со која ние бевме партнери. Да ние бевме партнери.
Само плафонот во дневната беше вреден 13 милион долари и донесен од Шпанија, собата за лов во злато искречена, како ли им било на молерите, каков ваљак користеле :-)најскапата куќа
Погледајте го видеот само информативно како надополнување на недостатокот од зборови
Линк за видеото од најскапата куќа на брдо

“Господо ручекот е сервиран во кујната“

Активирани сите сетила. Сепак бевме во најскапата куќа на Беверли Хилс.
Во ваков дом и неможе да се потпрете само на видот. Тој не е доволен. Кога во собата за билијард ќе се охрабрите да изиграте затоа што во Скопје сте играле заборавате дека ако овде случајно отскокне топка надвор од масата може да направи штета за наредните мои 365 години би била исплатата. Ете и тоа си го дозволивме да изиграме билијард во таа куќа.
Младост лудост, како единствени пушачи моравме да се скриеме позади куќа. Кога и влезот во гаражата изгледа како дворец јасно вие каде сте.
[caption id="attachment_8570" align="alignright" width="300"]најскапата куќа плац од 4 куќи околу најстарата и најскапата куќа[/caption]Жените како по обичај сите пред тоалет, и кога ми се случи колегата од Чикаго да го прашам а каде е машкиот тоалет заборавајќи дека сме во приватна куќа. Дека ова е само дом на некого кој многу вложил од својот живот. Вложил од својот во туѓи.
Како обично бива испланиравме да се качиме на горниот спрат во спалните и да се сликаме и тоа онака раскокани по креветот. Тоа оди правопропорционално со годините.
Бевме спречени од едни љубезни момци кои беа пошироки и од скалилата така да не сакавме да се замериме со нив НИКАКО.

Кога веќе животот ти дава, искористи паметно

Многу шала многу неозбилности но знаевме дека ова овде и сега нема да трае долго.
Исконтактиравме со сите лидери да добиеме совет плус, мислење додатно. Луќе кои позади себе имаа толку многу сработено што тешко дека можевме да сватима дека е можно во еден живот. Имавме можност лично да размениме збор два и со учителот над учотелите, на мислителот кој беше задолжен за нашата мотивација - Јим Рон.
Убаво е чуството кога на такво место со такви луќе вие разменувате искуства, кога ве прифаќаат како рамен на нив. Е тоа го нема секаде.
Кога вашето сработено ќе биде вреднувано на овој начин. Кога ќе ви биде укажано внимание на ВИСОКО ниво и кога мислам на високо, тогаш тоа е висина.
Најскапата куќа на Беверли домаќин на најуспешните.
Толку многу впечатоци собрани искуства да чувствуваш како температурата во главата ти е малку различна него вообичаено. Посакувавме да трае подолго, како би научиле повеќе, слушнале уште некоја мудрост од учителот, искуство од колегите што вреди.
Како се што е убави има крај ова наше искуство и ден денес не е завршено. Затоа што ние така сакваме. Убавината уште трае и сигурен сум дека ќе трае.

Кога вредноста добива вистинска цена таа е голема

Желбата да се сподели вакво искуство беше огромна. Огромна поради денешните случувања и вреднувања. Кога во време на ниски страсти и уште пониски морални вредности некој ќе проба да ви продаде уште пониска вредност умеете да се одбраните и возвратите поради тоа искуство од брдата на Беверли.
Кога на своите поколениа ќе им раскажете вакво искуство верувајте сте им дале имунитет за се што е неморално, шунт и лажно.
Затоа претпоставувам кога ќе препорачам денес МЛИМ на некого тврдам дека животот не е само работа- дома и дома-работа. Има инешто што треба да се доживее, да ти биде убаво, драго и остане во спомен.
Активност што ќе ви донесе исто доживување и многу повеќе. Активност што зависи само од вас.
Линк за првиот ваш чекор до вашите брда
Активност што нуди слобода, креативност, време со своите , време поминато дома.
Ангажман што ви е овозможен на било кој дел од светот, како физички така и преку интернет. Како со патувања така и од својот дом, од својата дневна соба, балкон па и спална.
Линк и за работа од дома
Имајте и вие искуство со најскапата куќа како резултат на сработеното и заработеното.

srijeda, 15. svibnja 2019.

Дехидрација 10 сигнали за недостаток на вода


Дехидрација 10 сигнали е само увод во проблемите кои ги има телото со недостаток на вода.Често има повеќе сигнали но овие 10 кои ќе ви ги преставиме во оваа прилика се доволни како сигнал за узбуна.
дехидрација 10 симптоми

Рекациите на телото при дехидрација

Дехидрацијата како состојба е една од најопасните. По најновите испитувања 25% од децата  секојдневно се соочуваат со дехидрација.
Модерните времиња го земаат својот данок.
Децата се почесто својата жед мислат дека ја гасат со газирани и заблажени сокови. Незнаејќи дека и поред овие напитоци телото сеуште има потреба од вода.
Човековото тело е дизајнирано да работи само на 60% вода.
Сите студии констатирале дека луѓето ни приближно не ги задоволуваат потребите на телото со вода на дневна основа. И на тој начин почнува демонстрација на недостаток на вода во телотот преку чувство на замор, анксиозност, разни проблеми со варење на храната,
зашеметеност на мозокот.Кои се почетните 10 симптоми?
Дехидрација 10 сигнали кои можат да ни помогнат да го спречиме најстрашното.
Преку овие 10 сигнали би сакале само да укажеме на сериозноста на проблемот наречен дехидрација. Во секој случај е потребна консултација со матичен лекар.
дехидрација 10 симптоми
Линк до “тело без вода е болно тело“ 

Ретко мокрење, со темнна боја

Дехидрација 10 сигнали меѓу првите е еоној највпечатливиот, кога мокрењето е сведено на минимум. Како недостаток на вода во телото тоа и нема што да исфрли. Темно жолтата боја до темно кафена е резултат на слаб внес на вода и концентрација на токсини од телото со мала количина на вода неможат да бидат исфрлени што ги оптеретува бубрезите.
Нерасположеност и умор
Депресија, конфузија и аксиозност  се состојби кои се многу често предизвикани од недостаток на доволна количина кислород во мозокот. Количината на водата директно има влијание на способноста на телото брзо и квалитетно да го пренесе кислородот до секој дел од телото па и до мозокот. С о дехидрацијата се зголемува вискозноста на крвта во телото. Тоа не го сакате да ви се случува често верувајте ни.
 Суви усни , очи и сува кожа
Испуканите усни, изморени очи се прва реакција на овие делови шри недостаток на вода. Кожата се воочува кога ќе се погледнете подетално, исушената кожа има збрчкана форма. Затоа и се вели дека навлажнувањето на кожата ја одмладува.

Како да започнам здрав начин на исхрана? Линк.
Неразумна и неоснована глад
Дехидрација 10 сигнали кои укажуваат на потреба од внес на вода.
Се случува да и после оброк чуствувате глад бидејќи телото си ја користи водата и од оброците. Ако се тие суви и не внесуваме вода телото бара храна за да добие вода. Доколку сте гладни тестирајте се испијте 2 чаши вода и видите како ќе реагира телото.
Неочекувана изненадна болка во грбот и зглобовите
Водата во скелетниот систем овозможува да тој биде флексибилен и секогаш подмачкан. Било каков недостаток на вода го спречува тоа и се манифестира преку болки. 80% вода содржат коските, било каков недостаток на вода е кобен за нив. Болакта во овој дел од телото може и да е од бубрезите кои пак се мачат со исфрлање на токсини со мала количина вода, поради што доаѓа до запаление и оштетување нивно.

 Зголемен холестерол

Контролата на нивото на холестеролот е многу тешка доколку во телото нема доволно вода.
Холестеролот може да биде голема потешкотија за оние кои се на ивица на дехидрација.
Проблеми со варење на храната
Водата многу помага при варење на храната во дигестивниот тракт. Недостатокот на вода може да доведе до болки во стомакот, опстипација и грчеви во стомакот
Исфрлање по кожата
Недостатокот на вода во телото за кожата може да биде многу штетно. Покрај предвременото стареење со сушење, може недостатокот на вода да доведе со чешање и исфрлање на кожата. Можна е појава на псоријаза егзема и бубуљици по лицето и телото.

Зашеметеност и константни главоболки

Дехидрација 10 сигнали кои не ги ни приметуваме. Еден таков е константната главоболка. За која имаме милион изговори од што ни е само не дека е од недостаток на вода. Пробајет при главоболка да испиете 2 чаши вода. Најчесто болката поминува за 10 тина минути ако е до токсините во бубрегот и 20 тина ако е до недостаток на кислород во мозокот.
Хипертензија
Зголемениот крвен притисок многу често е последица на дехидрација. Кога крвта пореди недостаток на вода и разреденост тешко се движи, кога поради недостаток на вода и крвните садови немаат доволна еластичност самиот притисок на крвта врз нив е поголем.
Во останатите статии ви ги нудиме рецептите како до здрав живот со вода. колку вода и каде се вода во нашето тело. Линк
Прочитајте ги и останатите статии како би ги предухитриле здравствените проблеми.


utorak, 14. svibnja 2019.

Како да стартувам со дополнителна работа?


Сакам, но што треба да сторам?

Како да стартувам со она што значи дополнителна работа? Имајќи во предвид прашањата што ги добиваме решивме да составима едно кратко објаснување на тема како да се стартува.
Од каде да се почне за оние кои ги интересира дополнителната а можеби и основна работа.
Откако сте ја добиле информацијата и ве интересира наредениот чекор. Тоа е контак со нас, луѓето што го работата сајтот, што ја работат оваа работа.
Кратко едноставно и јасно
Можете преку информациите од КОНТАКТ, тлефонски, преку меил, пополнет прашалник, или пак преку социјалните мрежи. Можете да не најдете на Фејсбук страните и групи.
Како да стартувам преку интернет?
Доколку сте љубител на интернет сработување на почетокот може сами да си набаваите пакет за старт, пополнувањето на формуларот за пристап го правиме преку телефон или интернет и од тој момент сте веќе партнер на Хербалајф.
Попат добивате и шејк за вас лично, како би се увериле во вкусот, во квалитетот на нашиот херој.
Кратко едноставно и јасно.
Секој нареден чекор го имате на текстовите на сајтот, детално СЕ.

Контактот е за да го завземете вистинскиот правец на стартот

Како да стартувате ако не сте во можност преку интернет?
Не контактирате и закажуваме средба во нашиот центар. Сите детали ги добивате таму и можностите што како канцеларија ви ги нуди нашиот Бренд центар. Таму се набавува стартниот бизнис пакет и се останато е План, Цел и Акција.
Кратко едноставно и јасно
Како да стартувам?- За оние кои сакаат на интернет да го градат својот бизнис, потребно е да се обезбедат со Веб сајт, хостинг.... сите потребштини а обуката ви е од наша страна како допринос кон успешниот старт.
Иаме и сајт на кој ќе ги добиете основните инструкции како да сработите како да научите да работите со Веб сајт и творење на интернет.
Кратко едноставно и јасно
Како да стартувам со ситемот на подршка? Во овој систем за ваша подршка единствено, напоменуваме ЕДИНСТВЕНО што се бара од вас е желба за успех, се друго сме научиле ние а ќе научите и вие.
Сме успеале ние ќе успеете и вие.
Ние веруваме во оние кои сакаат затоа што сме искусиле како ни било и низ што сме поминале и зошто тврдиме дека е потребна само вашата желба.
Како да стартувам-никогаш не било поедноставно, побрзо а попат и ефтино.

ponedjeljak, 13. svibnja 2019.

Како да започнам-здрав начин на исхрана


Како на наједноставен начин да почнам?

Како да започнам е вистинското прашање од кога ќе добиете некаква информација и ве интересира?
Она што ние го пропагираме на нашиот сајт е здрава исхрана. Здрав доручек, здрав начин на фунлционирање во текот на целиот ден. Малку рекреирање, малку активирање на мозочни ќелии. Едноставно Велнес начин на живот.
Се започнува со тој и те како важен ДОРУЧЕК.
Утрото е оној дел од денот кога на телото му требаат нутриенти за да се разбуди, стартува, нахрани обезбеди со извор на добра енергија и стартува со она што бараме од него.

Пред да доручкувате треба да го обезбедите доручекот

Како да започнам со здрав доручек?
-Едноставно од сите информации што ги добивте на нашиот сајт ви останува да си нарачате еден програм на исхрана за себе. Во нашиов систем тоа оди со нарачка и достава по фирми за брза достава, им плаќате и го добивате програмот.
Можеби сте се решиле за Хербалајф Формула 1 шејк, или за Основен програм на исхран. За која намена тоа со вашиот консултант и  Велнес тренер ќе дефинирате.
Со него и ќе ги оформите и дозирате начините на употреба. Ако не сте пробале претходно, побарајте од вашиот тренер да вкусите за каков боженствен вкус се работи.
-Наутро по договор си правите утрински шејк.
-Шејк со смути со вода со млеко со цеден сок, со што год, вашето тело добива мало задоволство. Линк за рецептите.
После тоа веќе се е градење искуство.
Минус килограми, сантиметри или плус мускулна маса, многу огледала ваги, Танита мерења и МНОГУ ЗАДОВОЛСТВА.
Може ќе посакате да имате НАПРЕДНА ПРОГРАМА  или ПРОФЕСИОНАЛНА, за овие две програми ќе треба само да се усогласите со вашиот тренер за почести контакти.
Овде професионално градиме искуство, овде одиме на големи предизвици, на исти такви промени, на добро секако.
Како да започнам со негата на лице со програмот на Хербалајф?
Доколку ова ви е интересот, стартувате со советите за начинот на нанесување и хранење на кожата на лицето, на фотографии пред и после....
Закључокот е многу едноставен. Имаме систем на подршка кој во секоја фаза од користењето е со вас и покрај вас. Важна ни е само вашата одлука, решеност да измените нешто. останатото ќе го сработиме заедно.
Доколку пак ве интересира наредното како да стартувам, на следниот линк.

nedjelja, 12. svibnja 2019.

Вистина-толку ли боли или не умееме со неа?


Каде се границите на вкусното и не вкусното?

Вистина, поим што ретко го среќаваме. Поим кој како одминуваат годините се повеќе се избегнува, се помалце се употребува. Не си ни спомнува никој на него.
Замислете дури измислија поговорка дека само оние кои лажат и успеваат. Нормално како би ги сокриле своите ниски страсти.
За оние не вистини околу социјалните мрежи е веќе излитено да се говори, таму се оние нај ефтините.
Но за вистини кои отсуствуваат во дружењето на другарите, на колегите и соработниците, каде од непостоечки страв да не се изгуби нешто се преминува во комуникација со не вистини.
За евтини добивки, евтини моментални удари по рамо. А за празнината што ја оставаат позади себе тие не вистини никој не размислива.
После секоја лага следува празнина во мозочното функционирање, во душата и потсвеста. Наредна прилика на истата тема кога ќе присуствувате со свои размисли ќе наидете на таа празнина и ќе се сопнете.
Затоа и секогаш излегува на виделина празнината која сте ја оставиле.вистина
Сепак во модерново време нај страшна е онаа не вистина што ќе се вдоми во семејството. Тука дупките , празнините што ги остава се многу големи, долготрајни и болни. Затоа треба да се биде информиран како со децата, како со саканиот.
Но и ако незнаете ако не сте прочитале, не е страшно дури и безгрешно е ако се држите само до вистината.

Доколку не знаете како, само кажете ја вистината

Вистина на дело.
Во моментите кога не умеете како само послужете се со неа, со нејзиното величество вистина.  Не умеете како да излезете на крај  дома со тинејџери, проговорете само вистина и ќе ви олесни а и нема да згрешите. Проблем со партнерот  нема проблем, прозборете со јазикот на вистината.
Толку многу е моќна да дејствува споро ама сигурно. И ако во моментот помислите дека ве изневерила, ќе се уверите дека со времето таа дава вистински резултати.
Не постои ништо толку повозвишено од моментот кога вашите деца ќе се  сетат на некоја ваша вистина. Кога најблиските во својот живот ќе бидат водени од ваша вистина. Кога ќе изнајдат решение за својот проблем преку ваша вистина.
А дали воопшто познавате вистинска љубов каде вистината не е присутна? Сигурно НЕ.
Деца, бебиња, миленичиња, творба на природата, дело на заљубен уметник... Сето ова се асоцијации кои предизвикуваат емоции. Емоции со насмевка само затоа што во себе имаат 100% вистина. Затоа што во нив и многу слични нема лага, фолирање и ...слични зборови за кои не би трошел простор на оваа страница.

Вистината и на нај трусната подлога...

Вистина во бизнисот.
Токму тука ќе наидете на најголем број љубители на спротивниот пол од вистината.
Тука најмногу добро пливаат љубителите на спротивното. Привремено набрзина со лага остварени успеси им се главен аргумент. Чаламот и фолирањата им се накаков доказ дека знаат како и дека нивниот правец е вистински. НЕ Е
Тој пат не бил нити ќе биде вистински. Нема бизнис од 30-40-50 -100 години а да во основа не е вистина во идејата за старт, вистина во развојот во релациите внатре како и вистина со муштериите, со партнерите.
Вистината во светот на бизнисот најчесто е поврзана со исакуство. Се случило, проверено и аргументирано.

Тука сме и ние, 40 години вистина

Вистина како потврда за искрените намери на идејата на бизнисот.
Во Мулти левел маркетингот мојата фирма е 39 години.
39 години единствено што се прераскажува е искуствата од производите. Тежина на вистината која веќе никој не може да ја помести и искриви.
На почетокот како и сите фирм и мојата била ранлива, и се соочила со потребата да докажува дали е вистината присутна. Во случајот дали производите навистина даваат резултати или е тоа само измама.
Сето тоа се завршило на суд. Основачот на компанијата Mark R. Hughes во својата одбрана само се послужил со вистината, за да на крајот избие на површина и случајот денес е анегдота во судските колуари. А Herbalife денес е компанија број 1 во индустријата за здрав исхрана,.
Анегдотата од овој судски случај била и поука за следните генерации адвокати. Кога барате вистина некаде таму почнете околу вас.
Процесот против компанијата го воделе 6 судии кои за жал нивна имале поприлично вишок килограми.
Во еден момент биле запрашани од нашиот оснoвач :
-Ако сте толку стручни за слабеење и здрава исхрана зошто сте толку дебели?
-Не може да носите одлуки за нешто што не го познавате, да му судите-никако.
-Пред судот имате околу десетина иљади консументи кои штрајкуваат против оваа хајка, прашајте ги нив за нивните искуства.

Вистина вредна 5 милијарди долари

Секако вистината излегла таму каде треба и Herbalife од тој момент го користи тој моментум и екплодира со своето работење низ целиот свет. 20, 100, 400 милиона долари годишен промет, до 5 милијарди сме сега а планот е 100. Линк за моментумот ваш.
Доколку сте и вие љубител на таквиот однос во работењето, доколку ви е потребна промена и дополнителна заработка, еве го линкот на вистинскиот правец...Линк за како.
Нашиот систем на подршка може да ви овозможи работа од дома, работа надвор меѓу луѓето но и работа на интернет до целиот свет.
Стартуваме заедно до првите резултати потоа само небото е...:-) небото кај нас е патарина за нагоре.
П.С. Штом ја прочитавте статијава цела значи дека сме на иста бранова должина. Многу ми е драго што не има се повеќе и повеќе.