četvrtak, 31. siječnja 2019.


Шоферски Проблеми- Здравствени, Најлошите

Здравјето и болеста влегуваат низ устата

 0

Здравствените проблеми кај шоферите значат помалце извозени километри

Шоферските проблеми не се малце, посебно на оние од Блканот.
Проблеми со документи, со камионот, приколката а на врв од тоа и со газдата, е многу е. Ама барем да е толку, има уште еден ставен настрана а најважен. Потиснат некаде позади а бара толку малце за решавање.
Испровоциран од едно среќно завршено искуство со овој проблем кај еден колега решив да го споделам.
Шоферските проблеми навидум мали и небитни еден колега го доведоа скоро до операционен стол. Се работи во основа за нешто ситно, за нејадење и јадење, неважно нели.
За тоа кога јадеме, кога не, можеме или не, а може ли да почека или не. Е така нашиот во приказнава херој мислеше дека е небитно кога јадеш, важно добро да се настегаш. Многу километри, многу разни патишта, многу ограничувања те 45-ка. На тоа додај 9-ка или 11-ка а уште 24 или 45 викенд, се некако брзаше. И кога ќе решеше да успори секогаш нешто беше хитно. ГПС, Вибер, Сајп и телефонски повик од газдата ќе пореметеше се. А тој, секогаш “нема проблем“ покасно ќе каснам.

Одложувањето почнува со “ништо не ми е“ шоферски проблеми 2

Шоферските проблеми одат дотаму што нашиот колега занемарувајќи ги реакциите на телото на неправилната исхрана реагираше стално со “ништо не ми е“.
А дали е така?
Нашето тело  не е влекач Еуро 6 вози не застанува додека има нафта вози. Не, не е.
Телото работи не застанува додека му е добро, а за да е така му треба храна, онаа што него му треба, му треба вода. А одвреме навреме и испуштање на течности.
И кога не му ја даваме храната што ја бара почнува да реагира. Помалце главоболки, притисок, зуење, киселини, несоници, тахикардии, болки.
Втора фаза е конкретни реакции-кои пак ако не ги препознаеме не водат до оние налјошите, кога многу тешко се враќаме назад. Тоа знаат да бидат- нередовни мењање течности, никакви столици, повраќања, болки во стомакот, веќе хронични главоболки. Не ретко грчеви долготрајни, отекувања на делови од телото забоболки, трнење на рацете, потење….Многу шофери ќе си се препознаат, уствари сите што имаат т.е. немаат добра исхрана.

Трите фази на “лошото“

За најлошите фази нема многу што да раскажуваме бидејќи тука сме да спречиме. Од искуството на колегата да научиме и смениме.
Неговата фаза беше онаа наизглед ништо страшно ама само што не почнала третата.
Вишак килограми, могу киселини, притисок а како сам вели “абе само еднаш дневно јадам
Е тука е и проблемот , еднаш ама ко за 6 пати, и телото се мачи а неможе ни да се одмори. Секогаш ваквиот оброк е навечер.шоферски проблеми 3
Колегата прифати совет во земјата во која беше се јави си купи “додатоци“ и…После 30 тиот ден како

вели беше друг човек.
Започна со сокот од Алоја а потоа некои додатоци и како што бива.
БОЛЕСТА ВЛЕГУВА ПРЕКУ УСТА АМА И ЗДРАВЈЕТО
Ако неисхраната ни го растури здравјето, тогаш здравата храна ќе ни го среди, се надевам дека не ви е вам касно, ако не сте претерале до сега.
Од повеќето изминати километри секогаш поважно е да се вратиме дома здрави.
Споделете го и вие овој линк, помогнете некому кому во овој момент му треба, бара можност плус за себе.
Живели е секое добро .

srijeda, 30. siječnja 2019.


Туѓина Во Пустина-Привремено Или Стално Раселени

Иселениците некогаш и сега

 0

Дали иселувањето за подобар живот подразбира и потежок

Туѓина во пустина – е израз кој треба да не асоцира дека некој заминал од својата татковина и отишол ТАМУ НЕКАДЕ, каде е лошо, каде е тешко -неубаво. Дали е така?
Доколку во земјата во која престојуваме не ни е овозможено да имаме лагоден живот ја менуваме. Доколку не ни е овозможено да ја обезбедиме фамилијата, ја напуштаме. Вообичаено немањето услови да се оствариме се поврзува со гарнитура на власт која не умее да ја води, организира државата. Токму и ради тоа условите се катастрофални.
И оние амбициознитеоние кои знаат што сакаат бараат решение за себе и своите. Увидувајќи дека уште долго нема да има подобрување донесуваат одлука да се иселат. Да се иселат на места каде функционираат работите, каде се почитува оној до тебе.
Каде се цени твојот труд и соодветно се наградува. Каде можеш да најдеш време за саканата за поколението, да споделиш вредности и радост.

Надокнадата за сработеноте е стршленот што Боде

Туѓина во пустина оддамна е веќе  Оаза.
Најчесто финансиите не приморуваат да изнајдеме начин како до тие места. Сепак е до наградата што ја добивам за сработеното пред и се, а потоа останатото.Туѓина во пустина13
Можам ли да заработам поштено и таму каде сум, во Хаосот?        Врска до останатите приказни
Туѓина во пустина а пустината дома.
Наједноставен начин е да работам нешто што нема да е во врска со администрацијата каде живеам, со пазарот каде е хаосот. Каде се чека на наплата. Каде….ма се знаете…
Така и мене водите ме однесоа во магичната кутија поврзана со светот со некаква Оптика, со и без жици. Каде се врзуваш со нешто WI-FI, User name i Pasword некаде треба да искуцаш и…. веќе си таму.

Нема веќе можам или неможам- Сакам или несакам .  

Незнаејќи ништо кликаш каде треба и нетреба. Но кога желбата е голема ќе прашаш, ќе погледаш и за 3-4 месеца веќе работиш на интернет.

Интернет маркетинг  Што е Word pres, cPanel, GetResponse, Add new Post, link, Bloгger, Instangram, Tweeter...
Не дека сега многу знам ама функционира. Работиш од дома, имаш време за себе колку сакаш, за своето семејство, за друштво а заработуваш како да си Таму.
Туѓина во пустина некако избледе, ниту туѓина а уште помалку пустина. А има и што на децата да им оставиш во наследство. Некако лесно е кога НЕ знаеш. Оној момент кога ќе посакаш подобро, поубаво- и ќе дознаш.
Туѓина во пустина 16-Уште ако има некој да ми помогне, а има секогаш.
-Ако има и некој што ќе ме подржи, а ќе има,
Единствено што ми  останува е да СТАРТУВАМ.

Стартувам за Оаза збогум Пустини

 – Може ли сето ова и после Педесетите (50)?.
И те како може, не е до годините. До желбата е колку е таа голема, до сонот е колку е тој посакуван, неостварен. А богами и колку сте заборавиле да сонувате. Ако не сте, ако сеуште имате желба, љубов и сон за подобро   САМО НАПРЕД.
Туѓина во пустина НЕКА Е ДЕЛ ОД ВАШЕТО МИНАТО
Споделете го и вие овој линк, помогнете некому кому во овој момент му треба, бара можност плус за себе.

utorak, 29. siječnja 2019.


Болно Дете Болно Семејство Болна Државa






80% од денешните болести се со корен во 


неправилната исхрана
Болно дете денес е честа појава. Најчесто изразено преку слаб имунитет закључокот сам се наметнува-родителите слабо обрнуваат внимание на исхраната на децата, уште како најмали.
Како современите времиња си носат со себе можност да сте информирани за се и секаде така и се почудно е каде грешиме во исхраната со децата. Занесени во борбата со егзистенцијата, со борбата за опстанок, забораваме на основните елементи потребни за живот. Болно дете
Болно дете ќе ја носи и својата фамилија во болести се додека не ги запазиме основните работи:
-Вода                          линк до пошироко за водата
-Овошје                      линк за опција со овошјата
-Зеленчук                   линк за брза и небрза храна
-Природа…
Водата мора да е присутна во текот на целиот ден кај децата, да ја пијат во што повеќе количини. Да се избегнуваат засладени газирани сокови-ако може скроз 100%.
Сеуште имаме вода во изобилство искористете ја како за децата така и за себе, БЕЗ КОМПРОМИСИ
Овоѓјето и зеленчукот сите знаеме колку ни се потребни во исхраната но само пензионерите масовно ги користат. Запрашајте се зошто. Со тек на годините си докажале дека таму е здравјето и НЕ ИМ Е СЕЕДНО.
Не чекајте да остарете за да она што го знаете и го примените. Уште денес за себе и за децата, многу овошје и зеленчук.
Што кога условите не го дозволуваат тоа?
Болно дете не смее да е алтернатива
кога поради Х причини не сте во можност на детето да му дадете витамини, влакна, јаглени хидрати, протеини и се она што е потребно за добар развој проверете побарајте и во нашата држава има проверени фирми со свои производи наречени  “додатоци во исхраната“.-во сува форма, цисто природни и пресовани, како додаток ќе ни надокнадат се што им фали на децата.
Болно дете повлекува и несреќна фамилија па и болна. Вреди превентивно да се вложите себеси за да ги видите благодетите.
Кога почнува се од децата тогаш завршува многу на големо и широко. Ако децата ни се неухранети само по себе тоа повлекува нездрави тинејџери веќе полуболни и деформирани јуниори и многу болни сениори. Краток животен век. И тогаш џабе ќе ни се јаки болници, нови клинички центри, модерни медицински установи, тие само ќе ублажат она што е неминовно.Болно дете

Здраво дете-здрава држава

Затоа здравото дете е здраво семејство и здрава држзва. Бидете патриота дајте му на детето здравје. место хамбургер ендно Смути, место пица една убава салата, место газиран сок, исцедете му помаранџа, јаболко, денес барем имаме машинчиња кои тоа го прават за 1-2 минути.
Научете ги од мали дека брикета со витаминчиња бомбончиња како витамини не е страшно едно насабајле, едно пред спиење. Чаша вода насабајле обавезно, пред спиење како правило. тоа ќе им се одрази на здравјето низ животот а и во староста кога ќе им треба најмногу.
Ако сте преокупирани со обврски оправдано немате простор и време ви стоиме на располагање за информации и решениа, повелете на линкот, само еден клик до здрава држава.

Споделете го линкот како повеќе родители би ја имале и оваа информација

Наздравје.

Смени Се Себеси Да Не Те Сменат

Промената најчесто носи позитивни резултати

 0

Промени се себеси како би те снашло она доброто

Смени се себеси- Ќе речат ако сакаш да работите тргнат на подобро.
Како ли оди по редот на нештата да почнеме од старт, од моментот кога почнуваме да кукаме. Да се жалиме на сите колку малер сме, колку ни е тешко и како никој нас не не сака и се ни оди малерозно.
Што побрзо го сватиме ова како грешно толку брзо и ќе го избегнеме моментот кога луѓето ќе не избегнуваат ради кукањето. Никој од нас не сака оклоу себе кукавици, сите сакаме кога во нашата околина се луѓе позитивни, вицкасти, весели ма се на шала си тераат.
И да е така , ако мислиме дека сме малерозни и дека некој друг е крив што не ни се случува се како што сакаме пак мораме да мењаме. А ако ги смениме комшиите, другарите, сопружникот тешко дека ке дочекаме и работите да ни се сменат.
Ние сме истиот  со исти навики исти потреби желби и видици. Ако уште и видиците ни се кратки, многу кратко дофрлаат, тешко нам.

Старт на промената- од себе

Смени се себеси за да тргне нагоре, на арно.
Промените знаат да бидат тешки. Не затоа што многу тежат, него затоа што ние не сме доволно спремни за нив. 
Кога работите ни се тешки не посакувајте да се полесни, вежбајте. Извежбани се ќе ви стане полесно.
Смени се себеси за да вам ви биде подобро. Тежината во случајов е поврзана правопропорцијално со големината на желбата за то. И каде сме сега. Значи стартот е лесен ако имаме голема желба, а желбата е исључиво врзана со потребата од НЕА.
Големината на желбата е слична со онаа желба што ја имаме кога сме заљубени и се ќе сториме за саканата. Таму никој не би  можел да не сопре, НЕМА ШАНСА. Ма се е лесно ама кога си заљубен.
Во една приказна учителот за да му долови на ученикот што е желба  го фатил за глава и му ја пикнал под вода. Држејќи го долго така, стегна со цела своја слиа. Вадејќи го на крајот го запрашал дали мислел на нешто друго сем на тоа како да дојде до воздух?
Е кога ќе ја посакаш промената како воздухот со таква јачина и желба  тогаш таа че се случи многу брзо и ЛЕСНО.
Смени се себеси и ќе заклучиме дека:  ако си помогнете себеси да сватите колку ви треба толку лесно и ќе ви биде. ДА СЕ СМЕНИТЕ.

Леснотијата на промената може и да се стави на хартија

Стартувајте со жлебата за промена на хартија, може и со реден број.
На пример ставете под реден број се:
1. Промена на исхраната-почнете со оние најштетните работи едно по едно (линк за здрава исхрана).
2.Изменети навики- на станување наутро, на гардероба и комбинации…
3.Изненадете ги најблиските со гест на внимание, иненадете ги роднините, пријателите исто така.
4. и останатите бројки пополнете ги самите, ке биде лесно.
Ако размислите подобро многу тешко ќе го смените светот, ама ви гарантирам од лично искуство дека лично ќе се чуствувате многу добро ако стартувате од себе.
Времето ќе си врви, саатот ќе врти со стариот НАС ама и со новиот, зависи од нас дали нам ќе ни биде подобро или не.
Смени се себеси да не те сменат…од друштво, од работа, од брак недај боже 🙂
Споделете го и вие овој линк, помогнете некому кому во овој момент му треба, бара можност плус за себе.

ponedjeljak, 28. siječnja 2019.


Шоферски Километар-Колку Ли Вреди?

 0

Дали секој извозен километар надвор од дома е соодветно платен?

Шоферскиот километар надвор од татковината не е толку добро платен. Во зависност од услови, искуство и документи цената се движи од 60-70 евра дневница. Постои можност и за интерен договор па цената да отстапува од оваа граница.
Никој од возачите не одсуствува по 3 месеца од дома со задоволство. Најчесто заминувањето е ради подобра финансиска состојба. Некои имаат странски документи и имаат олеснителни околности. ги има и оние кои немаат и во рок од 6 месеца смеат да престојуваат во Еврома најмногу 90 дена. Значи за една година максимум 6 месеца возење или максимум 180 дена.   Од влезот во Европска унија 90 дена за нартедните 6 месеца, откако тие ќе поминат нови 6 месеца со максимум 90 дена престој.
И кој сето ова да го брои, пресметува, внимава мисли на тоа,затоа што во Маџарска казната не ни бега.
Шоферскиот километар предвидува организација и на додатна опрема потребна при возењето. Огромен багаж. Внимавање на возењето, од несреќи,. од зачувување на робата а и пазење од емигранти.  Они што возат за Англија добро си знаат.
И најчесто ради сите стресови, притисоци и неправилна исхрана шоферот има нарушено здравје.
Најчесто и по враќањето нервозите се огромни, стресовите исто така, па и нетолку често бекство таму Горе по некаков свој мир.
Шоферскиот километар во текстов би бил без цел ако не се потрудиме да објаснима како некои работи можат да се избегнат, да се спречат.

  Може и безболно да поминат шоферските километри.

Брзината потребна при работа во транспортот не дава слобода при спремање на оброци и исхрана без брзање .
Секој шофер може и тука да изнајде решение , се разбира со размена на искуства од колегите и желба да се сочува здравјето.
Било каков Блендер во кабината ќе ви овозмож огромни задоволста и олеснувања.  Купувањето на овошје малку подсмачкано во маркетите може да ви заштеди од буџетот. А тие овошки само излупени и повеќе од нив ставени во блендер ќе добиете напиток за освежување и здравје.
Ако додадете Чија и Ленено семе ќе осетите благодет многу брзо, посебно во стомакот.
Орасите и бадеми, лешници  вкупно една шака по напиток ќе ве засити и тоа со она што на телото му треба. Секој маркет малце удрените банани , на око немногу фини ги продава по дампинг цена. Тие банани нас ни требаат, за смутито, составот внатре и вкусот кој ќе го добиеме а и каде каде се поефтини.

Шоферскиот километар може и да  евкусен и здрав

шоферски километар
шоферски километар
Ако на секоие смути додадете и овес, јачменпченица...вашите километри дефинитивно ќе ви го продолжуваат животот.
Бидете креативни за оние со поголема бројка на година, семката од тиква-жива ќе додаде уште еден благодет.
За љубителите на блашко додајте и лажица мед, таан.
Дозволете си себеси напитик здравје, напиток за освежување.
Додатоци во исхраната секогаш треба да си има покрај себе секој шофер. Можеме да ви помогнеме околу изборот ако веќе знаете што точно ви треба.Исконтактирајте не на следниот линк.
Додатоците се оние кои пак ја пшрават разликата за подолг живот и подобро чувство.
Незаборавајте ја водата, стално покрај вас, барем 2-3 литра дневно, и моја препорака обавезно Алоја џус, за да стомакот ви биде благодарен
Шоферскиот километар може да биде и задоволство. А ако пробате да го ставите овој текст на ТЕСТ, замислите- и ќе поминете поефтино.
Споделете го линкот нека и останатите колеги имаат информација на време.
Широк пат.

Возење Точак Без Раце -Реанимација На Мускули

 0

Возење точак без раце можност за обновување на работата на некои мускули

Возење точак без раце во младоста е забава а во зрелите години вежбање на атрофирани мускули
Велат возењето велосипед се учи еднаш, дали навистина е така?
Човековото тело е тако создадено и функционира на начин да скелетниот ситем го држи телото. Мускулите го движат и држат, како телото така и скелетот. Значи со текот на годините ако дозволиме да ослабе мускулната маса  поголемиот терет ќе остане на скелетот. Самото ова води кон поголеми проблеми со кослите.
Така е и ако е спротивно. Ако го појачаме системот на мускули теретот врз скелетот ќе биде помал. Значи и проблемите со коските помали.
Но при секојдневни движења мораме да знаеме дека не се активираат сите мускули. Ако не превземеме нешто дел од нив стануваат нефункционални.
Возењето точак без раце замислете може да е решение, блесаво ама вистинито.
Затоа во оваа прилика од лично искуство ќе ви понудам решение за дел од нив. За дел од оние мали мускули кои се битни а ако не ги вежбаме не приметуваме како стануваат нефункционални со текот на годините.
Ако оддамна не сте возеле велосипед, ќе ве предизвикаме да го сторите тоа. Притоа да се тестирате себеси како би увиделе дека некои работи што се случуваат со нас се многу многу нормални. Мал тест за тоа во каква состојба се вашите мускули, посебно оние на нозете.

Возењето точак без раце лесно ама…

Секако мислите дека е се во ред ако се движите нормално, но што ако ги тестирате?
Качете се на велосипед, ако сте возеле и порано во својот живот, на прв поглед се ќе ви биде исто, нормално.
Но тука некаде е и проблемот, кога ќе пробате да возите без раце. Ако оддамна не сте возиле, нема да можете без раце, многу многу тешко.
Возење точак без раце – Затоа ВНИМАТЕЛНО!!
Ова е резултат на мало атрофирање на најмалите мускули на нозете кои пак при одење и не се активираат и со годините како стална резерва си ја подзабораваат својата работа.
Кога ќе пробаме да ги активираме нема да имаме полза од нив.

Возење точак без раце може да биде многу тешко.

Затоа ви препорачуваме една вежба. Многу едноставна и лесна како не би дозволиле да ви се случува да неможете да одржите рамнотежа. Вежбата воопшто не е напорна, тешка.
Но бара да редовно ја практикувате како би се довеле во одлична состојба.Возење точак без раце
Застанете на двете нозе исправено, подигнете ја едната започнете да ја движите во правец на слдните бројки од часовникот:
Возење точак без раце – вежба..
  -од 1 кон 7   –  Сите движења се од бројка кон бројка ама во правец на движење на часовникот
-од 2 кон 8
– 3 кон 9
– 4 кон 10
– 5 кон 11
– 6 кон 12
– 7 кон 1
Возење точак без раце -втор круг
– 8 кон 2
– 9 кон 3
– 10 кон 4
– 11 кон 5
И од 12 кон 6
Потоа тоа истото повторете го со другата нога. Тоа би било една серија.
Откако ке заврсите повторете го тоа, се препорачува барем 3 серии. Ваквото бежбање од 3 серии можете да го практикувате колку што сакате. Бидејќи не ги оптеретуваат мускулите и тешко може да дојде до повреда.     .
Возење точак без раце-Ако сте со добра воља правете ги вежбиѕте наутро и навечер.
Ќе ја приметите разликата уште после седмиот 7 ден. Затоа и ставете се себеси на тест и после првата недела повторно пробајте да возите без раце. Многу лесно ќе ја приметите разликата.
Во секој случај ќе сте задоволни од себе.
Понекогас едноставните мали движења ги прават големите придвижувања.
Штедењето енергија за утре нема да ви остави вистина резерва, она што сте го внеле денес потрошете го денес.
Дали со велосипед, пешачење, трчање, спорт, рекреација или пливање, движете се трошете ја храната што сте ја внеле, телото ќе ви биде благодарно.
Споделете го и вие овој линк, до многу други кои сеуште бараат решение.