petak, 1. veljače 2019.


Слабеење Со Искуство-Како Низ Лично Искуство

Неморам да пробам се ако знам некои факти

 0

Кога приказната е лична тежи повеќе

Слабеење со искуство е она што дава резултати
Кога од многу искуства околу тебе знаеш како, пренесуваш и применуваш.
Во времето денес каде агресивно за материјална добивка се нуди се и сешто, истите мислат дека најлесно се правеле пари на оние кои имаат мака. Кој со здравствени тегоби, кој со вишок килограми и целата агресивна кампања е во тој правец. При што се измислуваат најразлични термини се ангажираат  П.Р. агенции да осмислат што да се каже и како. Нели, да им кажат што тоа народот сака да слушне.
Слабеење без искуство-И така се изнародија разни Купус диети, само месо, зелка, и што ли не Само… па потоа и онаа мојата најомилена, Кардио диета….ја држиш и завршуваш на кардиологија.
А сите оние кои сакаат да сменат нешто во својот живот а не решиле со раширени раце ги дочекуваат ваквите ПР мајстории. И …3 дена  толку е …неможе ова не функционира на мене НЕ, НЕБИВА.

Не треба рецепт за успех, треба желба

И се почнува со кукање, не може, не чини, мене не ми реагира, МА МЕНЕ СЕ МИ СЕ ФАЌА… и најчесто завршуваат со констатација дека е на нервна база. Да да на нервна база било.
Колку год да им објаснуваш дека свињите ги гојат а не нервираат тие (што немаат желба) си тераат по свое, и уште на телевизија виделе дека е така…
Бабами велеше “Мижи асан да ти баам“
Кога ќе видиме каде грешиме ако не е многу касно ќе сватиме дека се е Физика.
Колку енергија ќе внесеш толку треба и да изнесеш (потрошиш). Ако помалце потрошиш ќе се Здебелиш ако е обратно ќе Ослабиш повеќе од нормалното.
Ако веќе имам вишок значи треба да Потрошам повеќе или Внесам Помалце.
Бидејќи Внесот е многу тешко да се скрати на стартот одиме на детали околу Потрошеното.
Потрошувачката можеме да си ја зголемиме со убрзување на метаболизмот и со повеќе движење трошење. Убрзувањето може да го направиме со едноставно а почесто пиење вода, ако додадеме кафе (умерено кофеин) и љуто  ефектот веќе го имаме со многу брзо одење во тоалет него вообичаено. Можете да се измерите и да си ги добиете вашите базични информации за метаболизмот и по тие вредности да си знаете колку минимум треба дневно да внесете.
Ако додадеме на тоа и одење на школо, факултет или работа место кола автобус, со точак или пешки.  Можете слободно и Интервалното одење и трчање да го практикувате.



ЕФЕКТОТ Е ПОВЕЌЕКРАТЕН.

Мала дисциплина и потоа огледалото ни е мотиватор

Слабеење со искуство веќе ни се случува. Сантиметрите се приметуваат прво по гардеробата а потоа и пред огледалото. кога ќе дојдеме до оваа фаза веќе е лесно. Мотивирани сме од она што го гледаме.
И САКАМЕ ПОВЕЌЕ И ПОВЕЌЕ
Сега имаме Слабеење со искуство ама лично. Сега не ни треба нити ТОП ШОП, нити зелки уште помалце кардио.
Дајте си себеси одишка, без оптеретувања со информации непроверени. Нека вашата солуција биде повеќе потрошено, додајте нешто што ќе ви го убрза метаболизмот . Може да размислите и за некаков додаток во исхраната но и тоа да биде ради здравје, за дохранување на мускулната маса за правилна циркулација, за добробит на целото тело. Многу вода, многу вода и …
Селфито е добродојдено во оваа фаза
Споделете го и вие овој линк, помогнете некому кому во овој момент му треба, бара решение плус за себе.

Nema komentara:

Objavi komentar