petak, 17. svibnja 2019.

Шеќерна болест или Дијабетес- Diabetes mellitus


Дијабетес типови, симптоми, ризик фактори и решенија

Дијабетес е хронично заболување кое се појавува кога панкреасот не продуцира доволно инсулин. Веќе произведениот инсулин телото не може ефективно да го искористи.
Инсулинот е хормон кој го регулира нивото на шеќер во крвта.
Покачено ниви на шекер или Хипергликемијата  во крвта е компликација од неконтрoлираниот дијабет, која доколку не се третира во подолг временски период предизвикува сериозни оштетувања на телесните органи.
На нервниот систем и крвните садови исто така.

Тоа е хронично заболување  со зголемени вредности на шеќер во крвта.
Гликозата во крвта е контролирана од инсулинот, хормон кој се создава во панкреасот.
Инсулинот има задача да помага во придвижувањето на гликозата од крвта во клетките, каде се разложува и со тоа се добива енергија. Линк за 10 симптоми за Дијабет.
Луѓето кои страдаат од дијабетес имаат покачени вредности на гликоза затоа што нивниот организам не може да ја пренесе гликозата во клетките. Причини за тоа може да бидат:
-Не доволна произвотство на инсулин од страна на панкреасот,Диабетес
-Реакцијата на клетките кон инсулин е нарушена скроз,
-Третиот случај е комбинација од двата.

Видови, типови на дијабетес

Диабетес познаваме во  три главни форми;
-Тип 1 ( дијабетес зависен од инсулин). Ова е автоимуно заболување со можна генетска предиспозиција. Во која било возраст, но најчесто кај деца, тинејџери или млади луѓе. Овде панкреасот создава многу малку или воопшто не создава инсулин.
-Тип 2 (дијабетес зависен од инсулин). Најчеста форма на дијабетес. Претежно го имаат   возрасните, а се јавува и кај тинејџерите и младите лица поради прекумерно зголемување на телесната тежина. Овде панкреасот најчесто создава инсулин, но или таа количина не е доволна за потребите на организмот или клетките се резистентни на инсулинот.
-Гестациски дијабетес. Гестацискиот се јавува кај жени во кој било период од бременоста, кои дотогаш не страдале од дијабетес. Мора да се контролира бидејќи може да влијае врз растот и развојот на бебето. Околу 2-4% од трудниците се засегнати од гестациски дијабетес.

Знаци и симптоми

Знаците и симптомите се во зависност од нивото на шеќер во крвта, но луѓето со тип 2 и покрај покачената гликоза во крвта, на почетокот може да немаат никакви симптоми. Кај пациентите со дијабетес тип 1, симптомите најчесто се манифестираат побрзо и во потешка форма.
Знаците и симптомите се следните :
  • Често мокрење;
  • Зголемен апетит;
  • Благо покачен крвен притисок;
  • Чести инфекции (инфекции на непцето, кожата, вагината, мочниот меур);
  • Зголемено чувство на жед;
  • Заматување на видот;
  • Бавно зараснување на рани;
  • Присуство на кетони во урина (кетоните се попратни продукти како резултат на разложувањето на мускулите и масното ткиво поради недостаток на инсулин).
  • Необјаснето губење на телесна тежина;
  • Замор;

Ризик фактоори  :

Ризик факторите за дијабетес зависат од типот на болеста.
Ризик фактори за  тип 1:
  • Присуство на антитела;
  • Изложување на одредени вирусни заболувања;
  • Намалено внесување на витамин Д;
  • Давање на кравјо млеко во рана возраст.
Ризик фактори за  тип 2:
  • Прекумерна телесна тежина;
  • Намалена физичка активност;
  • Дијагностициран дијабетес тип 2 кај член од семејството – родител, брат или сестра;
  • Гестациски дијабетес во претходна бременост;
  • Синдром на полицистични јајници;
  • Висок крвен притисок;
  • Високо ниво на холестерол;
  • Високо ниво на триглицериди.
Ризик фактори за гестациски :
  • Жени постари од 25 години;
  • Дијагностициран дијабетес тип 2 кај член од семејството – родител, брат или сестра;
  • Гестациски дијабетес при претходна бременост;
  • Раѓање на бебе со голема телесна тежина (повеќе од 4kg);
  • Мртвородено од непознати причини;
  • Прекумерна телесна тежина;
  • Големо зголемување на тежината во текот на бременоста.

Нус ефекти

Колку подолго имате дијабетес и колку помалку го контролирате шеќерот во крвта, толку е поголем ризикот од појава на компликации. Со тек на време, компликациите од дијабетесот може да доведат до губење на одредена способност или да бидат фатални.Диабетес
Можни компликации се:
  • Оштетување на видот;
  • Чести инфекции на кожата;
  • Срцев удар, мозочен удар, нарушено движење на крвта во нозете;
  • Оштетување на нервите поради што се јавува трнење, губење на чувството за осет, болка;
  • Оштетување на бубрезите;
  • Зголемен ризик за појава на одредени типови на рак.
За среќа, дијабетесот лесно се дијагностицира, а со правилна едукација може да се превенира и контролира.

Препораки:

Како не би се јавил вишок шекер во крвта треба да се практикува здрава исхрана (повеќе овошје и зеленчук),   физичка активност (мин. 30 мин. дневно),  нормална телесна тежина и избегнување на употреба на тутун.
Доколку  во вашата фамилија имал некој дијабет, треба да одите на редовни контроли за мерење на шеќерот во крвта.
А оние што веќего имаат употреба на инсулин или апчиња и диета, со кои ќе го намалат нивото на шеќер во крвта, посета на едукации каде ќе научат правилна употреба на апаратчињата за мерење на глукоза во крвта. Многу луѓе кои имаат дијабет, во комбинација со терапијата против истиот, треба да користат и лекови за контрола на холестеролот и крвниот притисок.
Одредени суплименти благопријатно делуваат на дијабетот. Посебно програмот на здрав доручек на Хербалајф каде ги добивате сите нутриенти , го прочистувате организмот и немате скокови на шеќерот во крвта. Линк за шејкот и сотавот и линкот како до таа формула

Nema komentara:

Objavi komentar