petak, 10. svibnja 2019.

Мотив -Зошто Вардарци беа толку надмоќни?


Мотив за да се изигра бар уште овој натпревар е публиката. Да тоа им е единствен мотив. Да возвратат на истите оние кои веруваат во нив кои биле со нив и кога не им е до тоа.

Кога може да се додаде УШТЕ

Мотив плус за да сториш таков подвиг. Тоа е причината за создавање на овој натпис.
После натпреварот помеѓу Вардар-ПИК Сегед Ми се наметна едно прашање:
Каква мотивација треба да имаш за да дадеш толку повеќе од себе?
мотивЕвидентна е состојбата во ракометниот клуб Вардар, си заминува главниот спонзор и остануваат без пари. Информациите велат дека се 2-3 месеца веќе  без пари. Значи завршува сезоната на лига на шампиони и овој тим се распушта, сите си заминуваат секој на своја страна.
Морам како увод да нагласам низ што поминуваат овие момци а воедно знаат што ги чека откако ќе заврши ова натпреварување. Тимот нема да постои повеќе.
И доаѓа овој натпревар, во својата сала пред својата публика. За последен пат пред публика на која сте и останале само вие како утеха, како асоцијација за нешто добро.
По логиката на просечниот граѓанин - немаат мотивација да излезат а камо ли да играат.
Staš Skube, никаков мотив против својот стар клуба да без пари изигра просечно.
Dainis Kristopans, Заминува во добро платен клуб за добри пари со добра иднина, зошто би ризикувал да се повреди и упропасти се на натпревар каде не е ни платен.
Timur Dibirov исто така обезбеден трансвер без потреба од ризик а притоа без надокнада.
И така би можеле да набројуваме, ракометар по ракометар. Сите со ист именител.
-Чуму напор, чуму ризик за без пари за некој што можеби и си поигрува со нас... многу непотребни претпоставки а скоро сите обезбедени за понатаму...

Респект за публиката, за навивачите - капата доле

Но само ревијално, никако со ризик за можни повреди. Не како повредата на Christian Dissinger која е сеуште тазе. Можно е да се изгуби цела кариера. А тие момци верувајте живеат за да играат.

А сега...следните 60 минути отворете ја душата

Мотив + да заборавите на се она претходно напишано. Ова се тие- момците на Вардар.
60 те минути на 25. 04. 2019 во с.ц. Јане Сандански се за учебниците по Спорт, по Бизнис, по Мотивација и по животна школа.
Момците на Р.К. Вардар го демонстрираа она што нема да го видите уште долго на спортските терени. Сигурен сум уште долго ни на филмското платно.
Кога во истоштеното тело ќе најдете сила за уште толку напор и кога ќе помислите декеа сте дале се од себе...вие црпите од петни жили енергија за уште толку, па уште толку.
Скубе играше против одлуката да биде отстранет. Каков ли е тоа Мотив, нагон да докажете дека згрешиле. Дека вие можете многу повеќе отколку што тие виделе. ДА ДОКАЖА, и те како докажа.
Малиот Кристопанс изнајде енергија во немаштија, покрај сите богатства што го чекаат да докаже дека со овој тим може уште подобро. Последните секунди беа чиста демонстрација на мотив над мотивите. Од каде неможе да се може затоа што имам мотив, затоа што сака.
Уште помалиот Дибиров на свои години демонстрира брзина подобра од дупло помлади. Техника својствена само за над мотивирани спортисти. Некои навивачи два пати да ти ја дупнат главата и на крај цела своја енергија да им ја дадеш само ним...е тоа е мотив.

мотив

Тимот беше на иста фреквенција 60 минути

Мотив имаше целиот тим. Од стручниот штаб до помошниците тренерите и ракометарите. Во овој текст ненамерно издвоивме тројца но не да ги пофалиме и одвоиме само како пример. Таа вечер тимот имаше мотив, на тој мотив секој го доддаде својот и НАГАЗИЈА  ДО ДАСКА.
60 минути гледавме демонстрација на сакам, можам и  “ќе видиш ти сега“   :-)
Кога условите и околината не можат да влијаат, кога парите не се воопшто важни, кога е важно само едно тимот да демонстрира дека може.
Зар некој сеуште мисли дека Џоковиќ од 22 место на АТП листата се врати на 1 за пари?
Мислам дека на сите ние јасно дека парите само можат да бидат мал мотив + ама никако не главен.
Ако ова беше мотив во спортот помешан со мотив од животот, размислете што би било со таков мотив во бизнисот?
Што ли би било со таков голем мотив во Мулти левел интернет маркетингот?

Мотивираност во бизнисот

Доколку имам покрај себе производ за здрава исхрана и подобар изглед, и доколку со тој производ некому можам да му овозможам да заработи дополнително и го помешам се тоа со ваква слична мотивација, што ли би се случило?
Ако имам систем на подршка, систем што ќе ме обучи да работам од дома а низ целиот свет и ако додадам само бар малце од овој Вардаров мотив, што ли би било?
Во оваа прилика секаков одговор е излишен.
Момците заслижија под еден шејк од мене.

Nema komentara:

Objavi komentar