utorak, 8. siječnja 2019.


                 Уметноста На Промени И Над 50-Та

Кога ќе се спојат некои денови во животот

Кога ќе те навјасаат проблеми како животни така и здравствени

Лично искуство  кое започна околу 2000 та со една животна погрешна одлука. Стравот како да не освои по дома и неминовни беа погрешни одлуки. Кога стравот е по дома, ни мачки ни глувци нема.

И се додека трае стравот сите наредни одлуки беа исти, едино што се раликуваа е што секоја наредна беше полоша. Кога од само свој газда ќе бараш газда кај друг, е многу тешко. И никако да сватиш дека СТРАВОТ  е оној кој не ти дава да се вразумиш да пресечеш и одлучиш исправно. Колку е стравот поголем толку тонеш повеќе. Неможеш да увидиш кога играш кои се “не“правилата кои се прљавите игри и какотоа државните институции може да не функционираат да се против поштеното.
Лично искуство не помага кога си дозволил Стравот да царува. Почнаа да натежнуваат килограми, главоболки, тахикардии, киселини, страв ама овој за својот живот.
И кога мислиш дека си тука…до дното, нешто сепак ќе ти даде сила да донесеш одлука дека СЕГА Е СТВАРНО ДОСТА.
Стоп за се, стоп за НЕживотот, стоп за нездравиот живот, за нездравата исхрана, пушење и непотребно насочени мисли.
Првиот тест беа цигарите, или ќе ги откажам и ќе ми биде тест дали сум во можност да додржам или ќе му се наклонам на Стравот.


Можеби ради таквиот предизвик никогаш немав проблем со откажувањето на цигарите. Кога ти значи многу лесное  и со нив.

Почеток на живот со здравата храна, дружба со луѓето на кеј

Одеднаш во исхраната внесов многу салати, многу овошје (смути), шејкови додатоци за исхрана, СЕ НА СЕ МНОГУ ЖИВА ХРАНА.
Почнаа и разликите да се чуствуваат, телото почна да се регенерира, да петта деценија ама знае како треба самото тоа, само треба да му дадеме шанса.   Линк до трчањето на кеј.
 Многу километри на кејот и секаде каде со семејството бевме.
 Почнаа и тие со мене, да не поверуваш како кога ќе демонстрираш полесно те рабирале. Многу вода, во текот на целиот ден, многу додатоци во исхраната, оние кои не виреат кај нас а телото си ги бара, а кај нас ги има.
Лично искуство, овојпат многу помогна, луќето ги приметиа разликите и почнаа да прашуваат. Кога ќе споделите и дадете вашето искуство добива на вредност и така работите си доаѓаат на свое место. И ако сето тоа стартувате да го споделите на интернет, работите и те како се враќаат каде посакувате.
решен проблем со-киселини и болки во кичма, главоболки, тахикардија…..
резултат  : 26,0 масти 20,0,       Лично искуство
30-мускулна мasa 39,
качено 7 kg мускулна маса

Метаболички 29 години наспрем оние 50 
Сепак вреди да споделите добрина со луѓето.

Nema komentara:

Objavi komentar