utorak, 8. siječnja 2019.


Возење Точак Без Раце -Реанимација На Мускули

Возење точак без раце можност за обновување на работата на некои мускули

Возење точак без раце во младоста е забава а во зрелите години вежбање на атрофирани мускули
Велат возењето велосипед се учи еднаш, дали навистина е така?
Човековото тело е тако создадено и функционира на начин да скелетниот ситем го држи телото. Мускулите го движат и држат, како телото така и скелетот. Значи со текот на годините ако дозволиме да ослабе мускулната маса  поголемиот терет ќе остане на скелетот. Самото ова води кон поголеми проблеми со кослите.
Така е и ако е спротивно. Ако го појачаме системот на мускули теретот врз скелетот ќе биде помал. Значи и проблемите со коските помали.
Но при секојдневни движења мораме да знаеме дека не се активираат сите мускули.
 Ако не превземеме нешто дел од нив стануваат нефункционални.
Возењето точак без раце замислете може да е решение, блесаво ама вистинито.
Затоа во оваа прилика од лично искуство ќе ви понудам решение за дел од нив. За дел од оние мали мускули кои се битни а ако не ги вежбаме не приметуваме како стануваат нефункционални со текот на годините.


Ако оддамна не сте возеле велосипед, ќе ве предизвикаме да го сторите тоа. Притоа да се тестирате себеси како би увиделе дека некои работи што се случуваат со нас се многу многу нормални. Мал тест за тоа во каква состојба се вашите мускули, посебно оние на нозете.

Возењето точак без раце лесно ама…

Секако мислите дека е се во ред ако се движите нормално, но што ако ги тестирате?
Качете се на велосипед, ако сте возеле и порано во својот живот, на прв поглед се ќе ви биде исто, нормално.
Но тука некаде е и проблемот, кога ќе пробате да возите без раце. Ако оддамна не сте возиле, нема да можете без раце, многу многу тешко.
Возење точак без раце – Затоа ВНИМАТЕЛНО!!
Ова е резултат на мало атрофирање на најмалите мускули на нозете кои пак при одење и не се активираат и со годините како стална резерва си ја подзабораваат својата работа.
Кога ќе пробаме да ги активираме нема да имаме полза од нив.

Возење точак без раце може да биде многу тешко.

Затоа ви препорачуваме една вежба. Многу едноставна и лесна како не би дозволиле да ви се случува да неможете да одржите рамнотежа. Вежбата воопшто не е напорна, тешка.
Но бара да редовно ја практикувате како би се довеле во одлична состојба.Возење точак без раце
Застанете на двете нозе исправено, подигнете ја едната започнете да ја движите во правец на слдните бројки од часовникот:
Возење точак без раце – вежба
-од 1 кон 7   –  Сите движења се од бројка кон бројка ама во правец на движење на часовникот
-од 2 кон 8
– 3 кон 9
– 4 кон 10
– 5 кон 11
– 6 кон 12
– 7 кон 1
Возење точак без раце -втор круг
– 8 кон 2
– 9 кон 3
– 10 кон 4
– 11 кон 5
И од 12 кон 6
Потоа тоа истото повторете го со другата нога. Тоа би било една серија.
Откако ке заврсите повторете го тоа, се препорачува барем 3 серии. Ваквото бежбање од 3 серии можете да го практикувате колку што сакате. Бидејќи не ги оптеретуваат мускулите и тешко може да дојде до повреда.     .
Возење точак без раце-Ако сте со добра воља правете ги вежбиѕте наутро и навечер.
Ќе ја приметите разликата уште после седмиот 7 ден. Затоа и ставете се себеси на тест и после првата недела повторно пробајте да возите без раце. Многу лесно ќе ја приметите разликата.
Во секој случај ќе сте задоволни од себе. Додајте воза за полн ефект-зошто?
Понекогас едноставните мали движења ги прават големите придвижувања.
Штедењето енергија за утре нема да ви остави вистина резерва, она што сте го внеле денес потрошете го денес.
Дали со велосипед, пешачење, трчање, спорт, рекреација или пливање, движете се трошете ја храната што сте ја внеле, телото ќе ви биде благодарно.

Nema komentara:

Objavi komentar