utorak, 29. siječnja 2019.


Смени Се Себеси Да Не Те Сменат

Промената најчесто носи позитивни резултати

 0

Промени се себеси како би те снашло она доброто

Смени се себеси- Ќе речат ако сакаш да работите тргнат на подобро.
Како ли оди по редот на нештата да почнеме од старт, од моментот кога почнуваме да кукаме. Да се жалиме на сите колку малер сме, колку ни е тешко и како никој нас не не сака и се ни оди малерозно.
Што побрзо го сватиме ова како грешно толку брзо и ќе го избегнеме моментот кога луѓето ќе не избегнуваат ради кукањето. Никој од нас не сака оклоу себе кукавици, сите сакаме кога во нашата околина се луѓе позитивни, вицкасти, весели ма се на шала си тераат.
И да е така , ако мислиме дека сме малерозни и дека некој друг е крив што не ни се случува се како што сакаме пак мораме да мењаме. А ако ги смениме комшиите, другарите, сопружникот тешко дека ке дочекаме и работите да ни се сменат.
Ние сме истиот  со исти навики исти потреби желби и видици. Ако уште и видиците ни се кратки, многу кратко дофрлаат, тешко нам.

Старт на промената- од себе

Смени се себеси за да тргне нагоре, на арно.
Промените знаат да бидат тешки. Не затоа што многу тежат, него затоа што ние не сме доволно спремни за нив. 
Кога работите ни се тешки не посакувајте да се полесни, вежбајте. Извежбани се ќе ви стане полесно.
Смени се себеси за да вам ви биде подобро. Тежината во случајов е поврзана правопропорцијално со големината на желбата за то. И каде сме сега. Значи стартот е лесен ако имаме голема желба, а желбата е исључиво врзана со потребата од НЕА.
Големината на желбата е слична со онаа желба што ја имаме кога сме заљубени и се ќе сториме за саканата. Таму никој не би  можел да не сопре, НЕМА ШАНСА. Ма се е лесно ама кога си заљубен.
Во една приказна учителот за да му долови на ученикот што е желба  го фатил за глава и му ја пикнал под вода. Држејќи го долго така, стегна со цела своја слиа. Вадејќи го на крајот го запрашал дали мислел на нешто друго сем на тоа како да дојде до воздух?
Е кога ќе ја посакаш промената како воздухот со таква јачина и желба  тогаш таа че се случи многу брзо и ЛЕСНО.
Смени се себеси и ќе заклучиме дека:  ако си помогнете себеси да сватите колку ви треба толку лесно и ќе ви биде. ДА СЕ СМЕНИТЕ.

Леснотијата на промената може и да се стави на хартија

Стартувајте со жлебата за промена на хартија, може и со реден број.
На пример ставете под реден број се:
1. Промена на исхраната-почнете со оние најштетните работи едно по едно (линк за здрава исхрана).
2.Изменети навики- на станување наутро, на гардероба и комбинации…
3.Изненадете ги најблиските со гест на внимание, иненадете ги роднините, пријателите исто така.
4. и останатите бројки пополнете ги самите, ке биде лесно.
Ако размислите подобро многу тешко ќе го смените светот, ама ви гарантирам од лично искуство дека лично ќе се чуствувате многу добро ако стартувате од себе.
Времето ќе си врви, саатот ќе врти со стариот НАС ама и со новиот, зависи од нас дали нам ќе ни биде подобро или не.
Смени се себеси да не те сменат…од друштво, од работа, од брак недај боже 🙂
Споделете го и вие овој линк, помогнете некому кому во овој момент му треба, бара можност плус за себе.

Nema komentara:

Objavi komentar