subota, 26. siječnja 2019.


Смути Чаша Полна Здравје За Долговечност

Рецепт за долг живот

 0

Чаша што менува живот-матеница

Смути-то од секогаш било на нашата трпеза низ историјата, без разлика дали се работи за помодарство или не . Можеби на различен начин нарекувано ама сепак порисутно.
Многу одамна бабите знаеле наутро на внуците да има сматат јаце, она селското, лажица мед и млеко – козјо. Лиги да ти истечат, ама само една чаша.
И во тогаш се знаело дека не е добро да се претерува. Секакви матеници имало на трпезата што со млеко, што со кисело млеко. Сите овие начини на исхрана пробајте да ги искомбинирате со вежбање барем оние Интервалните на кеј, Следи линк

Смутито како современ пијалак

Денес кога сме во некои посовремени токови таквите матеници ги нарекоа Смуту. Единствено што науката за здрава исхрана ги создаде рецептите кои даваат поефектен допринос во нашето живеење.
И така доаѓаме до чаша полна со кашаст сок , микс од овошја, јаткасти плодови, зеленчук и други семиња што благопријатно делуваат на нас.
Смути – Користено како ужина денес и како цел оброк посебно наутро. Навечер не се препорачува измиксан шеик од овошја. Непријатно е чуството наутро после цела ноќ варење на овоштија ферментирани а требало да се одмориме.. Линк и за останатите приказни.
Сепак денес најмногу доминираат ваквите мешавини со вода, се помалце со млечни производи.
Водата го задржува вкусот и мирисот на оригиналното овоштие.
Пред и се ова треба да биде вкусно.
Блендерот е неизбежен во целата приказна. Целта ние  е да го исчистиме организмот и нахраниме квалитетно, успат освежиме.
Во Смути-то никогаш многу нема да погрешите ако смешате квалитетни состојки, не претерувајте само со нивниот број. Ама еве, во продолжение неколку рецепрти за старт и добар апетит.
Обично во рецептите не игра голема улога редоследот.
Ако сте во можност практикувајте СВЕЖИ  состојки, ако не, не е голема штета и ако бидат смрзнати.
Наутро нејважен момент е НИКАКО ДА НЕ СЕ ПРОПУШТИ ДОРУЧЕКОТ

Еве неколку  рецепти

1 јаболко, 1 банана, 2 dc млеко или јогурт и една голема лажица медСмути
Додајте и 3-4 големи лажици овесни снегулки.
Смути за сладокусци-

Смути

На исецкана 1 крушка додадете (3-4)овесни снегулки
Мала лажица цимет, Лажица мед
Многу малце морска сол
Сето тоа во 2деци млеко и 1 деци пробиотички јогурт
  • Во скоро секој смути оди банана а слободно додадете и јаткасти плодови. Во секоја варијанта мразот се става за освежување, посебно летоска.
А еве како би изгледал и еден Зелен Смути-
На 2 банани и 1  јаболка  со цимет додадете блитва
А доколклу ја обожавате љиљаковата боја сакате на изглед бомбата од витамини да е , тогаш оди вака-
1 банана, 1 јаболко, И 1 јапонско јаболко, додадете 3-4 парчиња ананас и на крајот додадете една рака Аронија. Во вода добро изблендирано изгледа прекрасноСмути
Пофалете се и пред гости по дома, додајте одозгора малце ананас во прав  ставете една цела малина или капина. Селфито е неизбежно.
Смути за Детоксикациоја-
На 2 банани додајте е помаранџи, 1 јаболка и две раце спанаќ.
И втората варијанта за Детоксикација би била-
Цвекло  во големина на помала јаболка, Морков средна големина, 1 јаболка, 1 Лимун без корка.
СмутиОткако ќе го изблендирате со вода додадете малку рендан Џумбир.
Уживајте во здраво хранење на вашето тело. 10-тина минути а толку многу здравје.

Nema komentara:

Objavi komentar